Автоматски агрометеоролошки станици

Нумеричка прогноза модел NMM

Метеограм , 18 Jan 2022

Прогноза

Прогноза за 17.01.2022

Снежна покривка во 7 часот (во см): 36 Попова Шапка, 13 Маврови Анови, 7 Крушево, 5 Ѓуриште, 4 Пожаране.

Времето денес (17.01.2022 год.): Променливо облачно со слаба магла по одделни котлини, во источните

делови посончево. Во западните делови на повисоките места и на планините попладне ќе има повремени слаби врнежи од снег, а на пониските места од дожд. Кон крајот на денот повремен снег ќе има и во североисточните делови. Попладне ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието на места засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со слаба магла. Попладне ќе дува умерен северен ветер. T= 6 °C, P= 989 hPa, U= 70 %, V= 4 m/s.

НАЈАВА: Од утре до четврток времето ќе биде стабилно, утре со засилен северен ветер, а во

следните два дена со ниски утрински температури. Влажен бран со врнежи од снег се очекува

во петок.

За повеќе информации на следниот линк: https://uhmr.gov.mk

Прогноза Агрометеоролошка состојба

Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза  за периодот после  24.12.2021 год.

Стабилното и суво време без врнежи со многу ниски утрински минимални температури во текот на изминатата седмица не причинија никакви штети кај земјоделските култури, заради тоа што вакви температури се вообичаени за овој период од годината.

Во наредната седмица се очекуваат промени на временските услови со услови за повремена облачност и појава на дожд кон средината на седмицата, при што минималните температури ќе бидат позитивни, што ќе допринеси и за повисоки дневни температури кои се очекува да достигнат вредности и над 13 оС. Ваквите временски услови, ќе им овозможат на тутунарите да продолжат непречено со примарната минипулација во домашни услови и припрема за откуп, како и работи на отворено за  садење на овошки, доколку почвените услови тоа го дозволуваат.

Преземи агро документи